После два одиграни натпревари, Полска е лидер во групата, а Македонија со Израел на делба на втората позиција. Токму Полјаците следните два натпревари ги играат со Македонија на гости, и со Израел на домашен терен.

Според селекторот Јержи Бженчек, тие два меча ќе бидат клучни за изгледот на табелата. Македонија на домашен терен ја совлада Летонија во досегашниоt тек од квалификациите, додека Полјаците на домашен терен имаа проблеми со оваа селекција.

„Не сум задоволен од тоа како одигравме во средината на теренот на двата натпревари. Важно е што имаме шест бодови и ниту еден пораз. Од стартот на квалификациите од резултатите сум задоволен. Мислам дека сега ни следуваат двата клучни натпревари. Тоа е со Македонија на гости, и со Израел дома. Сметам дека овие два натпревари ќе го дадат конечниот изглед на табелата. Ако ги добиеме, тогаш ќе бидеме многу блиску до првото место во нашата група. Но сигурен сум дека нема да биде лесно“, изјави полскиот селектор.