Повеќе нема дилеми. УЕФА и Европската асоцијација на клубови работат на реконструкција на Лигата на шампионите и од 2024 година таа повеќе нема да изгледа како она што го познаваме денеска. Најавите од последниот собир на членовите на ЕЦА вели дека новата Лига на шампиони ќе има повеќе учесници, лигашки систем со влегување и испаѓање од натпреварувањето, можни натпревари за викенд…

Пред една недела претставниците на УЕФА и ЕЦА, се состанаа во Нион за првата размена на идеи, а концептот треба да се разработи во наредните 12 до 18 месеци. Голема реформа е неизбежна – и затоа, околу неа почнаа да се плетат контроверзи. На пример, претседателот на ЕЦА, Андреа Ањели, не сакаше да отфрли дека натпреварите од новиот Европскиот куп кој треба да ја замени ЛШ ќе се играат за време на викендите, нешто што шефот на Германската федерација, Кристијан Зајферт, го нарече “црвена линија”. Иако зборот “викенд” не се најде на состанокот во Нион, “не разбирам од каде доаѓа”, рече Ањели на последната прес-конференција на Генералното собрание на ЕЦА во Амстердам.

Генерално Лигата на шампионите ќе се трансформира во натпреварување кое ќе им обезбеди шанса на повеќе клубови можност да учествуваат во него. Треба да се создаде систем за вклучување на сите клубови од цела Европа, по принципот на влез и испаѓање од лигата. Новиот формат ќе стартува од сезоната 2024/25, но засега не се откриваат дополнителни детали.