По паузата поради репрезентативните обврски, во четврток (14:30 ч.) продолжува првенството во ПМФЛ. Секако дека во центарот на вниманието е градската пресметка меѓу Работнички и Вардар, тоа ќе биде нивни 65 дуел во самостојна Македонија. Повеќе од јасно е дека ова е еден од решавачките мечеви за „романтичарите“ кои на „свој“ терен на Арената мораат по секоја цена да дојдат до трите бода.

Кога сме кај историјата и традицијата, овие две екипи кои заедно биле 14 пати шампиони на Македонија, да потенцирема дека Вардар е со нешто подобар биланс. На минатите 64 мечеви вардарци имаат 27 победи, 15 натпревари завршиле без победни а Работнички победил на 22. Гол разликата е 85:72 во корист на Вардар. Исто така интересно е дека во есенскиот дел и двата тима славеа на гости, Вардар прво на Арената го доби Работнички со 2:0, додека на „Борис Трајковски“ составот на тренерот Жикица Тасевски победи со 1:0.