Украина одигра реми со Португалија во Лисабон, а потоа го победи Луксембург и собра четири бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Меѓутоа Украина може да ги загуби тие средби службено, поради Бразилецот Жуниор Мораеш.

Мораеш има украински пасош, меѓутоа спорно е неговото фудбалско „државјанство“. Според пропозициите фудбалер, кој не е роден, нема потекло и не е државјанин на таа земја, за да може да игра во националниот тим, мора да живее во таа земја пет години без престан. А Мораеш во Украина живеел четири години и осум месеци (играше за Металург Доњецк и Динамо Киев), а потоа шест месеци живеел во Кина (кога играше за Тјанџин Теда), а потоа се врати во Украина и сега игра за Шахтјор Доњецк.