Македонскиот голман Ристо Јанков, е прогласен за најдобар голман на турнирот „Анталија Куп“. И покрај тоа што на сите натпревари прими гол(ови), сепак, се истакна со неколку добри интервенции, и токму од тука го доби ова признание.

Јанков е голман на Работнички, и се очекува тој да биде идниот голман на македонската селекција до 21 година за идниот квалификациски циклус.

Македонија на „Анталија Куп“ загуби од Украина и Летонија, а одигра нерешено со Естонија.