Ако во првиот осминафинален викенд од Лигата на шампионите балканското дерби меѓу ППД Загреб и Вардар беше во фокусот, тогаш во вториот епитетот ЕХФ „меч на неделата“ му припадна на реваншот во „Палатата на спортовите“ меѓу македонските репрезентативци Кирил Лазаров со Нант и Филип Талески со Рајн Некар Левен.

Актуелниот европски вицепрвак има негатива од два гола (34:32) од првото соочување во Манхајм и сега ќе се обиде пред својата публика да ги скроти „лавовите“ и да се најде во четвртфиналето.

РНЛ, пак, па пауза од четири сезони игра во осминафиналето и нема намера да запре тука.