Од денеска нашата земја со новото име ќе стои меѓу членките на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), откако е потврдена промената на името во Северна Македонија.

Ова е само стартот, со оглед на тоа дека сите спортски организации ќе ја следат постапката на ИОК и наскоро во сите спортови и сите спортски Федерации ќе имаат промена во името.