Во сенка на дербито меѓу Работнички и Вардар, утре на Чаир во втората скопска пресметка, се среќаваат  Шкупи и Македонија ЃП. Интересен меч повеќе од аспект на домашните кои грчевито се борат да се задржат на четвртата позиција на табелата, место кое можеби води во Европа.

„Според мене паузата максимално ја искористивме со цел што подобро да се подготвиме за следните предизвици. Утре ривал ни е Македонија ЃП. Можам да кажам дека подготвени го дочекуваме ова градско дерби. Секоја чест за противникот, но ние како Шкупи не се оптоваруваме со тоа против кого играме туку како тоа ние ќе одиграме. Верувам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат“ вели стоперот на чаирчани Амар Билали.

Добра вест за стратегот Умит Каран е враќањето на капитенот Мухарем Бајрами и младиот офанзивец Сухејл Мухарем. Турскиот стратег нема да може да смета само на Ергин Абдул.