По мечот меѓу Црна Гора и Англија во квалификациите за ЕП беа забележани многу инциденти, а УЕФА отвори истрага за мајмунските извици кон црномурестите фудбалери на Англија на стадионот под Горица. По двобојот имаше и тепачка во црногорската престолнина, а навивачите на Англија останаа без десет знамиња. Едно знаме беше посебно.

„2002 Луис 2006“ пишуваше на знамето кое го „освоија“ навивачите на Црна Гора. Малиот Луис имал само четири години кога починал, а неговиот татко и постариот брат веќе 13 години не се одвојуваат од знамето кое пренесува цврста порака. На социјалните мрежи Англичаните покренаа акција и го замолија Црногорците да им помогнат да го вратат вредниот сувенир.

Навивачите штом ја слушнаа приказната го донесоа знамето во британската амбасада во Подгорица, од каде ќе биде вратено во Лондон…

„Никој не знаеше каква приказна стои зад знамето. Бргу до нас стигна информација дека знамето има посебно значење. Одлучивме да го вратиме. Бевме во контакт со таткото, ни заблагодари на разбирањето и знамето е предадено на британската амбасада“, велат од Ултра Црна Гора кои на крајот додадоа:

„Ова на крајот излезе приказна за јунаштво и човечност“.