И повторно Работнички загуби, по третпат во пролетните шест кола. И повторно Работнички одигра слабо, лошо, да не кажеме ужасно. Ни трага од тој моќен Работнички, за кој „Спортмедиа“ очекуваше да гази во пролетниот дел, и не само „Спортмедиа“. Во овој тим претседателот Драган Поповски вложи многу пари, купени се екстра играчи. А не доби ништо, да, доби порази и слаби игри. Од можни 18 бодови овој Работнички освои само 5.

Нешто што досега во историјата на клубот не се случило.

Е па време е Поповски да почне конечно да дели откази, вака повеќе не оди.