Од АЕК Ларнака со насмевки откако Иван Тричковски почна со тренинзи со екипата, и тоа значи дека ќе биде подготвен за настап уште викендов.

Тричковски доби повреда на листот, поради која ги пропушти и дуелите со репрезентацијата против Летонија и против Словенија.

И натаму не е познато дали Тричковски ќе биде во комбинација веќе викендов со АПОЛОН, или нема да се ризикува, но репрезентативецот е целосно рехабилитиран.