Под сомневање дека силувал девојка 23-годишниот фудбалер на хрватскиот клуб Динамо, Нигериецот Ијаји Атимвен, е уапсен од загрепската полиција.

Против фудбалерот е покрената кривична истрага и тој најверојатно ќе остане во притвор, со оглед на тоа дека се работи за казнено дело.

Жртвата на Атимвен е девојка од Велика Горица, која во информативна емисија на РТЛ сведочела за нападот врз неа, а против фудбалерот приватна тужба поради насилство има и од неговата поранешна девојка, Ива Бошњак.

Атимвен од јануари е играч на Динамо, а во неговите редови дојде од тимот на Горица. Претходно има настапувано за турските клубови Кајзериспор и Ризеспор.