Новата сезоната во Формула 1 започна со трката во Мелбурн, а победата ја однесе Валтери Ботас со Мерцедес. Викендов на програмата е втората трка за Големата награда на Бахерин. Интернет порталот „racefans.net“ пренесе какви парични средства добиваат возачите на болидите.
Се разбира „орото“ го води Луис Хамилтон од Мерцедес со 35 милиони долари. Само пет помалку ќе добие четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел.

  1. Луис Хамилтон (Мерцедес)- 35 милиони долари

  2. Себастијан Фетел (Ферари) – 30 милиони долари

  3. Макс Ферстапен (Ред Бул) – 16 милиони долари

  4. Даниел Рикијардо (Рено) – 15 милиони долари

  5. Нико Хулкенберг (Рено) – 10 милиони долари

  6. Валтери Ботас (Мерцедес) – 8 милиони долари

  7. Ромен Грожан (Хаас) – 7 милиони долари

  8. Серхио Перес (Рејсинг Понт) – 5 милиони долари

  9. Кими Рајконен (Алфа Ромео) – 5 милиони долари

  10. Шарл Леклер (Ферари) – 4 милиони долари

  11. Карлос Сајнс џуниор (Мекларен) – 4 милиони долари

  12. Кевин Магнусен (Хаас) – 3 милиони долари

  13. Ланс Строл (Рејсинг Поинт) – 3 милиони долари

  14. Пјер Гасли (Ред Бул) – 2 милиони долари

  15. Данил Квјат (Торо Росо) – 2 милиони долари

  16. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) – 1 милион долари

  17. Роберт Кубица (Вилијамс) – 1 милион долари

  18. Ландо Норис (Мекларен) – 500 000 долари

  19. Џорџ Расел (Вилијамс) – 500 000 долари

  20. Александар Албон (Торо Росо) – 500 000 долари