Македонскиот фудбалски менаџер Фали Рамадани имал разговори со Хозе Анхел Санчез, генералниот директор на Реал Мадрид за трансфер на двајца фудбалери на „Сантијаго Бернабеу“ Миралем Пјаниќ и Лука Јовиќ, инаку негови клиенти.

„Кралевите“ се спремаат за реновирање во текот на летото па на списокот имаат неколку фудбалски имиња, меѓу кои и 21-годишниот српски репрезентативец и член на Ајнтрахт, како и босанскиот репрезентативец и член на Јувентус.

Пјаниќ минатата сезона го продолжи договорот со Јувентус до 2023 година, но игра на врвно ниво и е еден од најдобрите играчи во средниот ред, па логично е Реал да прашува за него.

Но освен за нив двајца паднал и разговор и за Калиду Кулибали од Наполи. Се работи за цврст дефанзивен играч, кој е стандарден во клубот од „Сан Паоло“, а во Реал би дошол како замена за Рафаел Варан во случај Французинот да реши да си замине од „Бернабеу“, за што се зборува изминатиот период.

Но уште поголем е интересот за чудото од Бундес лигата Лука Јовиќ кој „експлодира“ во дресот на Ајнтрахт. Реал се вмеша во трката за српскиот млад играч откако Барса и Баерн пројавија интерес за него. Сумата која Ајнтрахт ја бара е 60 милиони евра.