Поранешниот словенечки ракометен репрезентативец Алеш Пајович стана нов селектор на Австрија. Тој ќе ја превземе клупата од следното лето, и ќе дојде на местото на Патрекур Јоханесон кој си замина од кормилото.

Пајович како играч има освоено три трофеи во Лигата на шампионите со Сиудад Реал и сребро на ЕП 2004 со Словенија. Во моментов е тренер на австрискиот тим Грац.

„Млад сум, мотивиран како тренер, а оваа шанса ми дава уште поголема мотивација. Да се води репрезентација е нешто посебно. Кога дојде понудата, не можев да кажам не. Горд сум што Австрија ми понуди соработка“, рече новиот селектор на Австрија.