Вардар е практично пред промоција во четвртфиналист во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека не само што фантастично ја брани предноста од девет гола од Загреб (27:18), туку и одлично ја надоградува по првите 30 минути во Скопје во реваншот со ППД Загреб, 19:13.

Одлична игра во одбраната и брз креативен напад, со многу проигрувања и убави завршници имаат вардаровите ракометари (5:2, 7:4, 10:6) „Плинарите“ даваат поквалитетен отпор од оној пред седум дена, но имаат голем број на технички грешки и сериозни проблеми во реализацијата на нападот (14:9), па нивните удари многу често завршуваат крај голот на Гедбан, кој е прв избор на голот за овој меч.

Шпанецот остана верен на зборот па уште во првото полувреме им даде шанса на сите ракометари, а по шестмесечна пауза на теренот го видовме и Сергеј Горбок, кој веднаш изнуди седмерец. Резервите не само што држеа високо ниво туку со головите на Војводиќ и Кисељев, Вардар дојде и до највисоки 16:10 на пет минути пред крајот на првиот дел.

Повратникот Горбок со првиот гол ги однесе Вардар на полувремето со истата предност, 19:13, додека Чупиќ со пет погодоци е најефикасен по првите 30 минути.