Минесота приреди изненадување, го совлада Голден Стејт на домашен терен со 131-130 по продолжение во доста неизвесен натпревар.

Вориорс беа подобри во првото полувреме кое го решија во своја корист со резултат 68-54, на стартот на третата четвртина имаа позитива од плус 19. Но, домашниот тим заигра многу подобро, успеа да ја надокнади негативата, а потоа во решавачкиот период го превземаа водството.

Сепак актуелниот шампион со слободните фрлања на Грин успеаја да изедначи на 115-115 на 20 секунди до крајот на регуларниот ден и да се избори за продолжени, во кое беше вистинска драма. Кевин Дурент на нешто повеќе од четири секунди до крајот, при водство на Минесота од 130-127 погоди тројка и најверојатно очекуваше дополнително слободно фрлање, но судијата одлучи да досуди фаул пред шутот, па ниту тројката не беше запишана.

Оваа одлука ги налути гостите, Кари израмни на 130-130, но со нова контроверзна одлука на судиите, домаќинот доби слободни фрлања за конечни 131-130.

 

Вигинс со 24 поени беше најефикасен кај победникот, во редовите на Голден Стејт Кари имаше 37 поени, додека Дурент запиша 23 поени и 12 скока.

Резултати: Бостон – Индијана 114-112, Атланта – Портланд 98-118, Оклахома – Денвер 105-115, Јута – Вашингтон 128-124, ЛА Лејкерс – Шарлот 129-115.