Денеска се играат мечевите од 18.коло во Втората лига Запад. Има неколку интересни мечеви во најава, сепак треба да се види дали Пелистер кој оваа пролет игра во голема форма ќе може да освои три бода и во Дебар кај Кораби. Лабуништа по се она што и се случуваше, со казните и онаа несреќна епизода од дуелот со Тетекс, дома го дочекува Гостивар. На Автокоманда се среќаваат некогашните прволигаши, Скопје и Тетекс. И на крај се поставува прашањето дали лидерот Струга Трим Лум на гости кај Генч Калемлер ќе дојде до првата пролетна победа.

 

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

ВЛАЗЕРИМИ – ГОБЛЕН

ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

СКОПЈЕ – ТЕТЕКС

КОРАБИ – ПЕЛИСТЕР

ЛАБУНИШТА – ГОСТИВАР

 

ТАБЕЛА

1.СТРУГА ТРИМ ЛУМ 31

2.ЛАБУНИШТА 28

3.ПЕЛИСТЕР 25

4.ГОСТИВАР 23

5.СКОПЈЕ 23

6.КОРАБИ 22

7.ВЛАЗЕРИМИ 22

8.ГОБЛЕН 20

9. ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 18

10. ТЕТЕКС 18