Очекувано, градското дерби помеѓу Барселона и Еспањол не донесе ништо сензационално. Рутинска победа на Барселона која повторно впиша три бода благодарение на својата прва виолина Лионел Меси кој постигна два гола во победата од 2:0. Првиот беше ремек дело – слободен удар „паненка“ нешто што ретко се решаваат играчите кога стрелаат кон противничкиот гол.

Меси може да се пофали со најмногу – шест голови од слободен удар против Еспањол, а вкупно има дури 46 голови директно од слободен удар што е рекорд во шпанската Ла Лига.

Но уште поинтересно е што Меси сега има 334 победи во Ла Лига изедначувајќи се со некогашниот голман на Реал Мадрид Икер Касиљас. Слетниот триумф ќе го подобри и тој ефект во најсилната шпанска лига.

Исто така Лео стигна до 40 голови сезонава во сите конкуренции, а тоа значи дека во последните 10 сезони вклучувајќи ја и оваа аргентинскиот голгетер реализира 40 и повеќе погодоци во една сезона.