Македонскиот интернационалец Илија Несторовски денеска даде гол против Козенца меѓутоа неговиот тим одигра 1:1. Нестор беше исклучен во 91 минута поради игнорирање на судијата. По мечот тој се извини за потегот.

Сакам да им се извинам на сите, тоа беше непромислено од моја страна. Немав намера да го навредам судијата. Се извинувам, многу се извинувам што нема да можат да му помогнам на тимот во следното коло во Пескара и што денеска не ја победивме Козенца. Но сега нема време за жалење, продолжуваме со нашата цел. Сите сплотени, заедно! Денешниот погодок го посветувам на брат ми Ивајло. Форца Палермо“, вели Нестор.

Се работи за соиграчот Ивајло Чочев кој се повреди додека играше за Бугарија во квалификациите пред неколку денови.