Популарниот фудбалски агент, Мино Раиола, лично му понудил на првиот човек на Реал (М) да им го донесе Пол Погба на „Сантијаго Бернабеу“. Веста ја објави денешна „Марка“ повикувајќи се на сигурни извори од „кралскиот клуб“.

Според информацијата, Раиола кој работи како агент на Французинот од Манчестер Ј. му понудил на Перез да го добие потписот на играчот за врска во телефонски разговор кој го имале оваа недела. Агентот му рекол на првиот човек на Реал дека неговиот клиент е подготвен уште утре да се пресели во Мадрид, затоа што преферира да работи под водство на Зинедин Зидан.

Оваа сезона, Погба одигра 37 натпревари во Манчестер Јунајтед. Во нив, тој постигна 14 гола и имаше 11 асистенции. Во моментов Раиола смета дека цената на Погба е 90 милиони евра, сума која Перез ќе мора да ја плати ако го сака Французинот во својот тим во јули. Инаку, Погба има активен договор со Манчестер Ј. до 2021 година.