Иван Тричковски го пропушти собирот на репрезентацијата поради повреда, но сега се врати во тимот на АЕК и веќе на првиот меч по паузата постигна гол. Тричко во 6. минута ја погоди мрежата на Аполон, а резултатот на полувреме е 1:1.

Хефрен нафрли од корнер, а Тричко со глава ја испрати топката во голот на гостите. За АЕК покрај Тричко игра и Мојсов.