Елиф Елмас повторно е во центарот на внманието, имено челниците на Фенербахче неофицијално ја кажале висината на сумата за која би го продале македонскиот „дијамант“. Таа е, барем според пишувањата на турските медиуми, точно 20 милиони евра.

Имено во последните неколку денови Лестер, Кардиф и Фиорентина се споменуваа како можни дестинации за фудбалерот на Фенербахче. Секако кога сме кај Италија, Лацио и директорот Игли Таре не престануваат да прашуваат за Елмас, но сепак тешко  дека било кој од овие четири клубови ќе го добие потписот на Елмас.