Нов гол на Дарко Чурлинов за младиот тим на Келн. На гостувањето кај соодветниот состав на Борусија Менхенгладбах, тимот на Чурлинов победи со 3:1 а македонскиот репрезентативец беше стрелец на третиот гол за Келн, и тоа во 67. минута кога стави печат на триумфот на својата екипа. Со овие три бода Келн У-19 и натаму е прв, а Чурлинов со денешниот погодок дојде до бројката 16, со што е  втор на листата на стрелците во оваа младинската Бундеслига.