Полувреме од натпреварите од 25. коло во Првата македонска лига.

Шкендија веќе има победа во „џеб“ откако води со убедливи 3:0 во дуелот со Победа. Овој пат тетовци нема да дозволат изненадување. Стрелци на головите за лидерот беа Алими, Тотре и Бејтулаи.

Вардар, пак, иако имаше неколку шанси, сепак, не успеа да го отвори тимот на Силекс. Шанси имаа Мицевски и Лира, но не постигнаа гол. На другата страна опасно се закани Коцев, меѓутоа во Маџари мрежите мируваат.

Академија Пандев води над „непобедливата“ Ренова со 1:0. Дориев беше прецизен од белата точка.

Беласица има предност во дуелот со Шкупи исто така со 1:0 на „Младост“. Стрелец на голот беше Пепи Георгиев во 9. минута.

Без голови е во Ѓорче Петров каде што се игра градското дерби помеѓу Македонија и Работнички.

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА