Лацио откина три бода од гостувањето кај Интер (1:0) и тоа благодарение на погодокот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Србинот погоди за 10-та победа на Лацио сезонава, а Интер го запиша осмиот пораз, а трет на домашен терен. Лацио сега го притисна Милан во борбата за Лигата на шампионите, а Интер и покрај овој пораз засега е со билетот во раце.

„Помина долго време како немам дадено гол против голема екипа. Сега погодив и се надевам дека ќе продолжам со ова темпо“, изјави Савиќ.