Академија Пандев во дербито на 25. коло успеа со 2:1 да слави над Ренова, над тимот кој досега во пролетниот дел немаше пораз.

„Штета што теренот не дозволуваше да се одигра уште поквалитетен натпревар. Две квалитетни екипи кои беа офанзивни. Секоја чест за Ренова, силен тим. Ние нашите шанси си ги искористивме и сметам дека ова е голема победа. Планот беше три бода и ние тој план го остваривме. Сега следува Шкендија, штета што не можеме да сметаме на повредениот Дориев и пожолтениот Стоилов за тој меч со тетовци“ ни изјави тренерот на „пандевци“ Југослав Тренчовски.