Во очекување на денешната втора сезонска трка од Формула 1 шампионатот која ќе се вози на патеката во Бахреин, германскиот пилот од тимот на Ферари, Себастијан Фетел, повторно ја актуелизираше темата со евентуалното негово заминување во пензија. Иако гласините наводно беа демантирани од Германецот, сега тој и самиот призна дека размислувал и се уште размислува за времето кога треба да ја донесе оваа одлука.

„Се разбира дека сакам да учествувам во Формула 1 и оваа и следната сезона. Она што ме колеба е менувањето на регулативата. Не можам точно да кажам дали ќе останам во Формула 1. Многу вредности кои ги имаше порано, сега се останати само проформа. Шампионатот стана шоу, а тоа влијае на пилотите“, прокоментира некогашниот светски шампион.

„Ако сакаме шоу, нека биде така, но исто така чувствувам дека трошиме време и енергија, а тоа не ни помага“, додаде тој.

Фетел заврши втор на квалификациите пред Гран При трката во Бахреин, чиј старт е закажан за попладнево од 17.10 часот.