МЗТ денеска тргна кон словенечкиот град Копер, каде што во следните два дена ќе ги одигра првите два плеј-оф натпревари во рамките од АБА2 лигата против Сикст Приморска.

Натпреварите се играат во салата „Бонифика“ која е со капацитет од 3.000 места, а „металците“ најавуваат триумф во оваа серија подобар во три.

Првиот меч се игра утре со почеток во 18:00, а вториот е веќе во вторник во 20:00 часот.

На фотографијата се Предраг Самарџиски, Дамјан Стојановски, Љубомир Младеновски, Дарко Соколов и Марко Симоновски, односно репрезентативната „петка“ на „металците“.

После овие два меча, серијата се сели во Скопје каде ќе се играат два меча, а ако има потреба потоа последниот ќе се игра во Копер.