Вардар во вториот дел успеа да го „отвори“ Силекс, и на крајот да ја сочува мрежата, и да победи на третиот натпревар по ред. После триумфите над Македонија Ѓорче Петров и Работнички, сега на стадионот „Борис Трајковски“ падна, на моменти, незгодниот Силекс.

Единствениот гол беше дело на Матеј Цветаноски. По продорот на Попзлатанов од десната страна, Цветаноски се најде на вистинско место и го „матираше“ Ефремов во 55. минута.

Силекс имаше свои шанси да го избегне поразот, а Вардар во финишот прилики да стигне до поубедлива победа. Мицевски утна неверојатна шанса, исто како и Аврамовски, а шанса имаше и Фелипе.

Вардар со оваа победа и дефинитивно е многу блиску да излезе во Европа, и сега со Академија Пандев ќе се бори за втората позиција на табелата.