Вардар утринва замина за Брест, градот домаќин на осмото издание на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Македонскиот тим ја има улогата на бранител, за разлика од последните две години, сега ќе настапи во далеку изменет состав.

Во регуларниот дел видовме дека промените не се одразија врз играта, „црвено-црните“ завршија како први и го чекираа билетот на главниот хепенинг во регионот.

Но, кога и да се спомене името Вардар, новинарите од регионот милуваат да ги навратат ракометарите во минатото. На таа тема краток и одличен одговор имаше Иван Чупиќ.

„Сега ни следат најважните мечеви. Немаме причини, а ниту време да плачеме за луѓето што ги нема. Наша цел е да дадеме се од себе, прво да ја оправдаме фаворитската улога во СЕХА-лига, а потоа да направиме нешто поголемо во Лигата на шампионите.

На фајнл-форот мора да пружиме две одлични партии, се надевам дека ќе имаме малку среќа, која секогаше е потребна на вавките мечеви“, рече хрватскиот ракометар.

Вардар во полуфиналето ќе ги одмери силите со Мешков Брест.

*СПОРТМЕДИА од лице место ќе известува за сите случувања на Ф4 – СЛЕДЕТЕ НЕ….