Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ летово ќе биде понуден на трансфер пазарот, а цената која Барселона ја бара за него е 50 милиони евра.

Ракитиќ има одлична сезона и е еден од омилените играчи на тренерот Валвердера, но причината поради која Каталонците сакаат да се ослободат од него е фактот дека тој следната недела полни 32 години. Исто така на негово место Барселона веќе го купи Френки де Јонг, а и договорот на Ракитиќ завршува летото 2020, па ова е последна можност да земат пари за него.

Манчестер Јунајтед и Интер се двата клуба кои се сериозно заинтересирани за неговите услуги.