„Спортмедиа“ во Брест, Марија Ковачева

Брест одбројува до стартот на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лигата. На домаќинот и претставниците на регионалното натпреварување им останаа уште ситни детали за да биде се совршено. Со нетрпение се очекува утрешниот ден, резервиран за полуфиналните пресметки.

Во салата „Викторија“ е разиграно, групите кои ќе бидат задолжени за забава на фановите ги прават последните подготовки, деталите никој не ги открива, не ги знаеме ниту ние новинарите…

Македонскиот првак, Вардар во Брест доаѓа како бранител на титулата. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо токму од ова место ја почнаа онаа серија во СЕХА-лигата, имаат два пехари во низа, сите посакуваат да дојдат до хет-трик за нов рекорд во ова натпреварување.