Фудбалерите на Болтон решија да штрајкуваат затоа што на нив и на сите други вработени во клубот втор месец по ред не зеле плата во пропишаниот рок. Тие требале да добијат плата во петокот, но тоа не се случило па затоа ги известиле раководните луѓе дека нема да доаѓаат на тренинг додека не добијат плата или додека не добијат гаранција кога ќе ги добијат парите.

Иднината на некогашниот премиерлигаш е несигурна затоа што се води судски спор во кој Болтон пробува да спроведе превземања на клубот од страна на некогашниот сопственик на Вотфорд Лоренц Басини. Проблемот кој се испречи е фактот што Басини не може да достави докази дека ќе ги има потребните пари за раководење со клубот која ги бара Лигата.

И на навивачите им здосади да ја трпат управата која не може да обезбеди пари за нормално функционирање на клубот, па на последните натпреври истакнуваа пароли против генералниот директор Кен Андерсон. Болтон е на претпоследното место во Чемпионшип дивизијата. Ако се сеќавате овој клуб гостуваше во Скопје играјќи меч со Работнички во рамките на квалификациите за Лига Европа.