Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков одигра одличен натпревар против Спортинг во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и го промовираше Веспрем во патник во четвртфиналето.

Тој постигна четири гола, но магијата од првото полувреме кога од зад грб ја затресе мрежата на противникот е оној кој ЕХФТВ го именуваше за најдобар викендот.

Вардаровото крило, Даниел Шишкарев, е единствениот „црвено-црн“ ракометар кое најде место меѓу најдобрите, односно тој го има четвртиот најубав гол во реваншот од осминафиналето.

Видеото од најубавите голови може да го видите ТУКА.