Македонската кошаркарска федерација го дефинираше изгледот на распоредот во плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата.

Првиот круг на натпревари стартува од 6. април до 1. мај, но во тој период ќе има две паузи, едната за финалниот турнир во Купот на Македонија (12 до 14 април), а втората за големиот христијански празник Велигден (27 до 29 април). Интересно е што „вечните“ МЗТ Скопје и Работнички првиот дел ќе го заокружат со дуел закажан на 1 мај.

Вториот круг натпревари почнува на 4 мај, а ќе заврши на 18 мај.

За натпреварите во плеј-аут распоредот е ист, но бидејќи се натпреваруваат пет екипи, секое коло една од нив ќе биде слободна.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ПЛЕЈ-ОФ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ПЛЕЈ-АУТ