Откако во саботата не успеаја да го победат Кожуф со новиот тренер Добринко Илиевски – Пижон, денеска фудбалерите на Кит Го мора да одат по секоја цена на три бод. Ривалите веќе се одалечуваат, пехчевци бодовно заостануваат и затоа победата е императив во денешното 19. коло во Втората Лига – Исток, или прво во третиот круг.

Лидеров Борец дома во Велес го пречекува составот на Детонит, тука се подразбира кој е голем фаворит, додека Тиквеш кој е во налет во Кавадарци ќе се сретне со Плачковица, додека Кожув пак го дочекува Партизан (О). Натпреварот меѓу Брегалница и Вардар (Н) се игра утре во Велес и тоа од 15:00 часот.

 

ДВОЈКИ ЗА 19. КОЛО – ДЕНЕСКА 15:30 Ч

КИТ ГО – САСА

ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА

БОРЕЦ – ДЕТОНИТ

КОЖУФ – ПАРТИЗАН (О)

03.04.2019:

БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР (Н)

ТАБЕЛА

  1. БОРЕЦ 46
  2. ТИКВЕШ 39
  3. КОЖУФ 36
  4. БРЕГАЛНИЦА 34
  5. КИТ ГО 30
  6. ДЕТОНИТ 17
  7. ПЛАЧКОВИЦА 16
  8. ПАРТИЗАН (О) 13
  9. ВАРДАР (Н) 11
  10. САСА 10