Најплатен тренер на светот е Диего Симеоне. Тој на основа на договор, бонуси и спонзорски договори годишно во Атлетико Мадрид заработува 41 милиони евра!!! Угледниот „Франс фудбал“ објави список на најплатени тренери и играчи, а листата на примања не ја опфаќа само платата од клубот, туку и бонусите и спонзорските договори.

Жозе Мурињо е втор со 31 милион евра, но тој моментално е слободен агент откако доби отказ од Манчестер Јунајтед. Изненадувачки, Тиери Анри по доаѓањето во Монако договори годишни примања од 25,5 милиони евра, но тој не се задржа многу, меѓутоа и понатаму пристигнуваат пари на негова сметка.

Четврди е Пеп Гвардиола со 24 милиони евра, а зад него е Ернесто Валверде со 23 милиони. Зинедин Зидан во Реал е дури на 16. место со исти примања 7,5 милиони евра колку што добиваат Нико Ковач во Баерн односно Витор Переира во Шангај СИПГ.

Кај играчите на врвот е Лео Меси со 130 милиони евра на годишно ниво, а зад него Кристијано Роналдо со 113 милиони и Нејмар со 91,5 милиони.