Некогашниот капитен и довчерашната десна рака на Љупчо Малинков, Горан Самарџиев е новиот тренер на Фени Индустри.

Ваквата промена на клупата се должи на неуспехот тимот да се најде во Суперлигата, туку ќе игра во „плеј-аутот“ и ќе се надева на опстанок во најсилното домашно кошаркарско друштво.

Фени Индустри местото меѓу првите шест го загуби по поразите од Куманово и МЗТ и како седми го заврши регуларниот дел од сезоната.