Љупче Дориев е повреден, Ацо Стојко исто така, Марио Крстовски уште е на терапија, Ѓорѓи Стоилов има пет жолти картони. Ете тоа се проблемите со кои се соочува тимот на Академија Пандев во пресрет на утрешното дерби против Шкендија, кое се игра на стадионот „Младост“ во Струмица. „Пандевци“ ако сакаат да го држат чекорот со Вардар во битката за тоа второ место, на утрешниот дуел со шампионот  ќе мора да останат непоразени. Од друга страна пак Шкендија е во налет, на последните два меча прости ги збриша своите ривали, најавуваат тетовци и нов триумф. Сепак Академија Пандев не е ниту Силекс а уште помалку Победа, овој тим предводен од Југослав Тренчовски покажа сезонава дека знае да одигра квалитетно било кога, било каде и против било кого. Јасно е дека на Тренчовски ќе му беше полесно ако ги имаше во составот Дориев, Стојков, Крстовски и Стоилов, но што е тука е.