Полуфиналното соочување со Мешков Брест не беше воопшто лесно за вардаровите ракометари, со оглед на тоа дека Белорусите не штедеа сретства за да дојдат до целта, но и покрај тоа Вардар излезе како победник.

„Играчите на Брест одиграа вистински ракометен меч со многу грубости. Одамна не сме играле ваков ракомет, правилата не го дозволуваат тоа. Мило ми е што победивме. Како и секоја година на Ф4 сме за да го освоиме трофејот. Немаме многу време за одмор, но ќе искористиме максимум да се подготвиме за финалето со Загреб“, вели капитенот Стојанче Стоилов.

Загреб е познат противник, играа со него двапати минатата седмица во осминафиналето од елитата, а капитенот вели:

„Имаше многу дуели денес и утре треба да очекуваме исто. Загреб исто така е груба екипа. Ќе видиме што ќе се случи.“