Македонскиот кадетски репрезентативец, Ардијан Аземи во категоријата 80+ кг , обезбеди финале и ќе боксува за златен медал во категоријата на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Ботевград кој се одржува по четврти пат.

Аземи во полуфиналето го победи Меирам Болашак од Казахстан и во финалето за златниот медал ќе се сретне со уште еден боксер од Казахстан, Роман Диари. Аземи беше офанзивен во борбата со Болашак и сосема заслужено запиша победа. Борбата за златниот медал според најавата на организаторите на турнирот е закажана за во петок.