“Спортмедиа” во Брест, Марија Ковачева

Мешков Брест силно посакуваше да биде организатор на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Градот прославува 1000 години од своето постоење, па титулата требаше да биде “шлаг на тортата”.

Вардар синоќа им го скрши филмот на Белорусите, ги совлада пред домашната публика и ги прати во битката за бронза.

Не помогна ниту шпанскиот стратег, Маноло Кадењас, за кога клубот издвои убава сума на пари.

На крајот разочарувањето беше неизбежно…