Лоши вести за хрватската ракометна репрезентација во пресрет на двата квалификациски дуели со Србија за пласман на ЕП. Имено како што јавуваат медиумите во Хрватска, екс – вардарецот и ракометар на Келце, Лука Циндриќ, се здобил со нова тешка повреда. Тоа го изјавил Игор Вори, директорот на хрватската репрезентација.

Инаку фановите на Вардар засекогаш во убаво сеќавање ќе им остане Лука Циндриќ, кој е еден од најзаслужните за освојување на пехарот во ЛШ во 2017 година во Келн.