Футсалците на Шкупи, по пауза од само една сезона и официјално си вратија титулата шампион на Македонија. По триумфот над Велес со 4:3, тие сега имаат 12 бодови на четири кола до крајот. Сите натпревари ги играат дома и ако ги загубат сите тие повторно ќе бидат прваци зошто во меѓусебните дуели со велешани имаат подобар скор од 3:1. Значи Шкупи и математички е првак. Сега останува да се свртат кон настапите во Купот, каде исто така посакуваат да дојдат до пехарот. Да потсетиме дека Шкупи во сезоната 2016/2017 ја освои двојната круна.