„Спортмедиа“ во Брест, Марија Ковачева
Стојанче Стоилов се запиша во историјата на регионалното натпреварување како единствен капитен кој подигнал дури три трофеи во СЕХА-лигата.
Вардар со вечерашниот фајнл-фор дојде до петата титула, два од нив ги подигна Филип Лазаров, додека за последните три задолжен беше капитенот Стоилов, кој беше на ниво на задачата и на двете средби.
Во полуфиналето со седум поголови од исто толку обиди не му дозволи на Мешков Брест да се бори за титулата, додека во битката за златниот медал влезе по црвениот картон на Мораес и го водеше својот тим кон тронот.
Големината Стоилов најдобро ја покажа со тоа што иако знаеше дека ќе влезе во историја, му дозволи на долгогодишниот соиграч Игор Карачиќ, кој ја игра последната сезона во „црвено-црниот“ дрес да го крене трофејот.