Спортмедиа во Брест, Марија Ковачева

Нов, голем удар за Вардар, кој на крајот на првото полувреме во финалето на СЕХА лигата против ППД Загреб остана без бекот Кристијан Дисингер.

Германецот, најверојатно заработи скршеница на лактот на левата рака по непријатниот пад, по стартот на Поточник, кој за истиот заработи црвен картон.

Падот беше страотен, цела сала стана на нозе и го чекаше исходот од лошата повреда.

Раката на Дисингер беше мобилизирана и тој на нозе ја напушти „Викторија“, но се чини дека за него сезоната е завршена.