Барселона од гостувањето кај Вилјареал синоќа замина со реми (4-4), двата тима одиграа драматичен натпревар. Во првото полувреме Ернесто Валведере одлучи да ги одмори Лионел Меси, Иван Ракитиќ и Жерард Пике, одлуката се покажа како добра, но само на стартот кога каталонскиот гигант поведе со 0-2, по ова следеше пресврт на домашниот тим, поведе со 4-2.

Во вториот дел во игра мораа да влезат Меси и Ракитиќ. Влијареал предноста ја имаше до 90. минута,  Меси намали на 4-3, а потоа во последната минута од продолжението, Суарез се избори за реми 4-4.

Пике кој цел меч остана на клупата искористи шанса да влезе во вербална пресметка со противничкиот фудбалер Алваро, кој заработи црвен картон.