Интер не дозволи и шести пат по ред да биде поразен на „Луиџи Ферарис“ од Џенова. Се очекуваше тврд и неизвесен меч, но излезе само рутинска задача за „нероаѕурите“. Избраниците на Лучано Спалети лесно и убедливо го победија противникот, а во нивен прилог одеше и исклучувањето на Ромеро во 39 минута.

Гаљардини го доведе Интер во водство во 15. минута, а Мауро Икарди од пенал зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел Икарди му асистира на Перишиќ кој погодува за 3:0 и домаќинот веќе немаше шанса за кам-бек. Конечниот резултат го постави Гаљардини во 81 минута со гол кој беше признаен со помош на ВАР технологијата. Горан Пандев остана на клупата и не заигра против својот поранешен клуб.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ТОСКАНА

Изненадувањето на колото го направи Емполи кој на свој терен го победи Наполи. Тимот од Тоскана поведе со голот на Фариас, а пред првото полувреме изедначи Зиелински. Но во второто полувреме одново малиот Емполи даде гол, преку Ди Лоренцо, и ги освои бодовите многу важни во битката за опстанок. Наполи и покрај поразот остана на второто место.

ФРОЗИНОНЕ ПОБЕДИ СО ГОЛ ВО 103. МИНУТА
Драматичен финиш на дуелот Фрозиноне-Парма. Беше 2:2 до 94 минута, а тогаш пенал за домашните. Судијата свирна пенал, па отиде да гледа снимка. Играчите почнаа да се туркаат меѓу себе околу тоа кој е во право, па судијата мораше да ги тргне. На крајот покажа пенал. Дури во 13. минута од продолжението или 103. минута севкупно. Манганело погоди за победа на Фрозиноне.

„ВОЛЧИЦАТА“ ПАК РАЗОЧАРА

А Рома никако да ја стабилизира формата. По оние два порази од Лацио и Порто (во ЛШ), следуваше победа над Емполи и кога се чинеше дека тимот конечно почна да заличува на нешто, следуваа три лоши резултати: порази од СПАЛ, Наполи и вечерва реми 2:2 со Фиорентина на домашен терен.

„Волчицата“ двапати губеше и двапати стигнуваше и на крајот освои само бод за пад на осмото место на табелата поради победата на Торино над Сампдорија.

 

 

СЕРИЈА А, 30 коло

КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ

ОДИГРАНО ВО ВТОРНИКОТ

МИЛАН – УДИНЕЗЕ        1:1

КАЉАРИ – ЈУВЕНТУС     0:2

ВЕЧЕРВА

ЕМПОЛИ – НАПОЛИ      2:1

РОМА – ФИОРЕНТИНА 2:2

ФРОЗИНОНЕ – ПАРМА  3:2

ЏЕНОВА – ИНТЕР             0:4

СПАЛ – ЛАЦИО 1:0

ТОРИНО – САМПДОРИЈА            2:1

ТАБЕЛАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК