„Спортмедиа“ во Брест, Марија Ковачева

Вардар и ППД Загреб оваа сезона одиграа четири меча, три од нив ги доби македонскиот првак, кој во Лигата на шампионите се покажа во едно поинакво светло особено на оној гостински дуел кога го збриша хрватскиот тим.

Иако „црвено-црните“ доминираат во пресметките, сепак стратегот на ППД Загреб не ја губи вербата пред вечерното финале, вели дека во салата „Викторија“ ќе биде поинаку.

„Ги знаеме квалитетите на Вардар, ама им ги знам и тие мали мани. Сега се чувствуваме дека имаме повеќе самодоверба и ќе влеземе во тој меч опуштено, да играме ракомет и да се надигруваме. Ако ни се пружи шанса ќе ја грабнеме со две раце“, изјави Тамше.

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е закажан со почеток во 19 часот.